Поврзете се со нас

Македонија

Димитријевиќ потврди дека игра во животна форма, па се огласи за интересот од Партизан

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Ненад Димитријевиќ бележи метеорски напредок во изминатите две сезони, па така откако лани беше избран за МВП во големото финале во ВТБ лигата, сега се чини дека нивото го подигна за уште едно скалило погоре и ја игра најдобрата кошарка во кариерата.

Свесен за тоа е и самиот Нено кој пред извесно време ја водеше Македонија до голема победа над Полска, па во интеврјуто за „Моцарт Спорт“ говорел за индивидуалниот влог, но и за начинот на кој ужива во Казањ.

– Според бројките, најверојатно ја играм најдобрата кошарка во кариерата. Минатата сезона играв добро и бев многу задоволен, па оттогаш сите работи се поклопија. Тимот, соиграчите, тренерот, стилот на игра, се ми прилега во Уникс. Истовремено, јас созреав како личност и како кошаркар. Многу време посветувам на индивидуалната работа, поготово од старот на сезоната. Работам пред и после тренинзите и тоа очигледно дава резултати, прави да го подигнам нивото за скалило погоре.

Во интервјуто за српскиот медиум, македонскиот репрезентативец не можел да го избегне прашањето и за неговиот омилен клуб Партизан, бидејќи „црно-белите“ повторно се споменуваат како една од можните следни дестинации на Нено.

– Мене никој од Партизан не ме контактирал директно. Слушнав дека не се премногу заинтересирани за мене. Пред да дојдам тука, имав и други понуди, но не беа конкретни. Уникс уште по првиот ден по крајот на минатата сезона, јасно ми стави до знаење дека сака да останам со нив. Беа конкретни и ништо не криеја и покажаа огромна желба. Како човек и како играч, морам да ја ценам нивната финансиска понуда, но и спортската улога која ми ја доделија. Едноставно е, играч чувствува кога е ценет, а јас сум ценет во Уникс.

– Имам мир во Казањ и навистина ми е убаво и изненаден сум од тоа. Не очекував дека со семејството ќе уживам толку многу во градот. Исто така, тука е и тренерот Перасовиќ, тој ми укажа голема доверба и ми даде слобода во играта. Имам опција да останам во Уникс и следната сезона, но тоа се уште е многу далеку. Ќе видиме што ќе се случи следново лето, сега сум исклучително фокусиран да ја одбраниме титулата во ВТБ лигата. Луѓето мислат дека тоа е слаба лига, но има огромен квалитет, екипи како ЦСКА, Локомотива и Зенит имаат евролигашко ниво, – потенцира Димитријевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни