Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Синфин немаа сила за изненадување против Бидасоа Ирун

Објавено

на

Синфин на македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски не успеа да направи изненадување и да се избори за позитивен резултат на гостувањето кај Бидасоа Ирун во АСОБАЛ лигата.

Димитриевски и неговите соиграчи добро се држеа во првиот дел кој го завршија само со еден гол негатива (15-14), меѓутоа тоа темпо, ритам не го задржаа во вторите 30 минути во кои фаворитот потврди дека е подобра екипа во овој момент и со 33-26 дојде до 21 победа во 28 коло во шампионатот.

Нашиот ас го заврши натпреварот со три гола од седум обиди.

Синфин со 18 бода е на 13 место, во следното коло има важен предизвик против Пуерто Сагунто кој е помошо пласиран и е на 16 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни