Поврзете се со нас

Италија

Димарко: Потребна е почит…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер не успеа да слави во дербито со Наполи во италијанскиот шампионат, поточно мораше да се задоволи со резултат 1-1 кој воедно значеше први загубени бодови за „нероаѕурите“ во Серија А во 2024 година.

Домаќините водеа од финишот на првото полувреме до самата завршница на натпреварот кога Жезус се најде на вистинското место и стрелаше за конечни 1-1.

-Имавме правилен пристап во првото полувреме, но не ги искористивме максимално нашите можности за гол. По паузата се појави заморот од Мадрид и примивме разочарувачки гол. Имавме многу шанси да постигнеме гол и против Атлетико Мадрид и не го „убивме“ натпреварот, но ја напуштаме натпреварувањето со кренати глави против многу силни противници.

-Да не заборавиме зборуваме за шампионите на Италија, тие се вратија да играат фудбал каков што имаа под Лучијано Спалети. Потребна е почит кон овие тимови, -истакна Федерико Димарко кој смета дека не треба да се опуштаат иако имаат 14 бодови предност пред второпласираниот Милан.

-Научив со текот на годините дека не се исплати да се прават калкулации, само треба да се оди еден по еден натпревар. Интер мора да покаже зрелост, бидејќи на моменти сезонава губевме интензитет, иако на крајот победувавме. Мораме да продолжиме да работиме и сигурен сум дека ремито нема да ги спречи големите работи што ги правиме во оваа сезона, -додаде Димарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни