Поврзете се со нас

Италија

Дибала двапати асистираше, Рома лесно се справи со Специја (Видео)

Објавено

на

Рома со доста нервоза се подготвуваше за мечот со Специја поради отсутвото на Николо Ѕаниоло, но очигледно Жозе Мурињо направил одлична работа во обидот да ги оттргне останатите играчи од случајот со италијанскиот репрезентативец.

Ѕаниоло самиот побара да не игра против Специја во исчекување на посакуваниот трансфер во Премиер лигата, но добра вест за фановите на Рома е тоа што тимот уште еднаш покажа дека може да игра и без него.

Тоа особено е така кога во почетните 11 има расположен играч како Пауло Дибала, кој полека влегува во препознатливата форма од најдобрите денови во Јувентус.

Аргентинецот денеска беше асистент на двата гола кој ги постигна тимот од Рим на гостувањето во Специја, со тоа што во првата ситуација покажа завидна несебичност.

Дибала го проигра Ел Шарави во првото полувреме за 0:1, а во вториот дел, снаодливиот Ејбрахам ги постави конечните 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни