Поврзете се со нас

Италија

Ди Марија по ремито со Аталанта: Не дојдов во Јуве во најдобро време……

Објавено

на

Јувентус и Аталанта одиграа трилер дерби во Серија А и ги задоволија вкусовите на неутралните фудбалски фанови, особено ако се знае дека домашниот тим во последно време играше цврсти натпревари без многу погодоци на „Алијанц стадионот“.

Натпреварот заврши 3:3 и двата тима покажаа спортски карактер во текот на 90-те минути, а посебно до израз доаѓаше мотивацијата кај играчите на Јуве откако на тимот му беа одземени 15 бодови.

На крајот, фудбалерите на Макс Алегри не можеа докрај да ги израдуваат своите навивачи и да остварат победа, но со оглед на тоа што има уште многу до крајот на сезоната, реално е да се верува дека „старата дама“ може да се избори за влез во Лигата на шампионите, или пак за излез во Европа.

Анхел Ди Марија доби доста „скокотливи прашања“ по крајот на натпреварот со оглед на тоа што има важечки договор до крајот на сезоната, односно индиректно беше запрашан дали ќе остане во Јуве по сите случувања.

– Двата тима одигравме извонреден меч и на крајот освоивме бод. Тоа е важен бод, но направивме и доста грешки на теренот. Имаше добри и лоши моменти, но тешко е да се игра после веста која ја добивме. Тешко е да останете без 15 бода одеднаш и да паднете доле, но ние ќе продолжиме да работиме напорно.

– Со ваков менталитет, можеме да ги поправиме работите. Ништо не е невозможно, најважно е да продолжиме да работиме како целина и да ја добиеме поддршката од навивачите.

– Јасно е, не дојдов во Јуве во најдобро време, има многу проблеми, но ова останува голем клуб и мора да го даваме најдоброто за него до самиот крај. Мојата одлука за иднината исклучиво се заснова на одлуките кои ги носиме како семејство. Моето семејство е среќно тука, Јувентус е најголем клуб во Италија и еден од најголемите во Европа. Ќе видиме што ќе се случи понатаму, – изјави Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни