Поврзете се со нас

Македонија

Деветгодишниот јуниор Мојсоски веќе игра пријателски натпревари со врсниците од Црвена Звезда во Белград

Објавено

на

Македонија од секогаш имала талентирани млади фудбалери кои во согласност со светските трендови својот фудбалски развој го започнуваат уште во најраното детство.

Таков е примерот со младиот 9-годишен Илија Мојсоски кој веќе неколку години е дел од младинската школа на ФК Аеродром од Скопје.

Тој настапува за својата екипа која се натпреварува во дестките лиги на ФФМ, а дека е голем талент за голови покажува и податокот дека на 13 натпревари има постигнато 40 гола!

Сето тоа не остана незабележано и кај други екипи, па така благодарение на соработката која ја има ФК Аеродром од Скопје со Црвена Звезда од Белград, 9-годишниот Мојсовски веќе беше на проба кај повеќекратниот српски шампион, каде имаше можност да настапи на неколку контролни натпревари.

Во разговорот направен во Спортското радио во Скопје, тој откри дека бидејќи оставил одличен впечатоок, во текот на наредните месеци повторно ќе замине во Белград каде ќе може да настапи на уште неколку натпревари заедно со неговите врсници од Црвена Звезда.

Може само да посакаме Илија Мојсовски да биде успешен и таму како што покажува квалитет и талент во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни