Поврзете се со нас

Репрезентација

Деспотовски: Време е да се вратиме на победничките патеки

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година има два натпревари во наредниов период во рамките на квалфикациите за Европското првенство кое е на програма во 2025 година.

„Црвено-жолтите“ прво ќе ги одмерат силите со Гибралтар за да потоа излезе на мегдан со Шведска, селекција која ја изненадувме во првото соочување на гостински терен.

Сега фокусот е ставен на Гибралтар (21 март), репрезентација која не е за потценување ако се земе предвид дека истата славеше против Молдавија од која пак ние загубивме со 2-1.

– Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска.  Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа за нас. Сакаме да покажеме дека победата над Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар. Фокусирани сме максимално на тој меч кој мораме да го добиеме.

– Овие квалификации ги започнавме одлично, со големата победа над Шведска на гостински терен, но се случи пад во нашата игра и забележавме три порази во серија. На некои натпревари среќата воопшто не ни се насмевна. Одигравме добар дуел со фаворитот во групата, Холандија, но на крајот несреќно загубивме. Молдавија од два обиди успеа да постигне два гола. Ги оставаме овие натпревари позади нас, ни претстојат два меча во кои мораме да покажаме голема желба за победа. Треба да покажеме и потрвдиме дека сме силна репрезентација која располага со квалитет. Се надевам дека ќе почнеме да остваруваме позитивни резултати.

– Имаме игра, создаваме шанси, располагаме со цврстина и квалитет, се со што би требало да ја краси една квалитетна репрезентација. Мислам дека треба да бидеме многу поефективни и помудри во завршницата на акците и за да ги реализираме шансите со погодок.

– Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. За сите нас преставува огромна чест и задоволство да се носи овој дрес. Со нетпрение очекуваме повторно да го облечеме дресот со државен грб и да излеземе пред нашите навивачи. Време е да се вратиме на победничките патеки, -истакна Стефан Деспотовски.

Двата квалификациски натпревари ќе ги одиграме пред домашната публика, на националната арена „Тодор Проески”.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни