Поврзете се со нас

Македонија

Дербито во Тетово без победник, Тиквеш е најновата жртва на разиграната Струга

Објавено

на

Шкендија и Шкупи одиграа без победник во денешната дерби пресметка од 8. рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Овие две екипи вече долго време ремизираа во нивните пресметки, па така беше и попладнево во Тетово каде конечниот резултат беше 0-0. Ова е седмо едноподруго реми на поранешниот и актуелниот шампион во ПМФЛ.

Струга пак продолжи со извонредната форма и стигна до 24 сезонски бод откако го реши и Тиквеш со 2-0. Ибраими и Илиески стрелаа за лидерот за осми триумф и задржување на 100 процентниот учинок во шампионатот.

Во Скопје пак Работнички со погодокот на Рушевиќ славеше над Победа, додека Стојкоски со вистинско ремек дело донесе три бода за Македонија Ѓорче Петров во дуелот со Академија Пандев во Струмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни