Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро: Манџукиќ беше клучен играч на Јувентус

Објавено

на

Легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пјеро даде свој коментар за ситуацијата во Јувентус пред самата завршница на Серија А.

„Бјанконерите“ иако се лидери на табелата многу се мачат во оваа камања и има многу критики на адреса на тренерот Маурисио Сари.

-Ова му е прва година на Сари, тој треба да го запознае Торино и играчите. Истото важи и за Де Лихт. На Јувентус му недостасуваат агресивни играчи во средниот ред, но Јуве не е таков тим, -истакна Де Пјеро кој го спореди овој Јувентус со оној на Масимилијано Алегри.

-Алегри? Под негово водство беше поинаку, тоа беше Јувентус кој ги имаше Манџукиќ, Тевез, Мората, многу трчаа. Тие не играа толку добро, но покриваа повеќе простор. Манџукиќ беше клучен, -дополни славниот италијански ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни