Поврзете се со нас

Италија

Де Роси го кани проблематичниот Наинголан во својот тим: Многумина се плашат од него, но јас не

Објавено

на

Даниеле Де Роси започна самостојна тренерска кариера во октомври минатата година, а сега посакува едно од големите зимски засилувања за неговиот СПАЛ да биде поранешен соиграч од Рома.

Раџа Наинголан е „замрзнат“ во Ројал Антверп поради непрофесионално однесување и планот е да си замине во јануари, па сега прашање е дали ќе прифати да игра во Серија Б, бидејќи покрај СПАЛ, за него е заинтересиран и Калјари.

Популарната „нинџа“ доби суспензија од Антверт поради тоа што пушеше електронска цигара на клупата за резерви за време на натпревар, но Де Роси вели дека не би имал ништо против да смета на неговите квалитети во вториот дел од сезоната.

– Колку што јас знам, Раџа е играч кој нема што да бара во Серија Б. Тој е уникатен играч, многу силен и во моментов бара нов тим. Секогаш сум сакал такви играчи како него. Тој носи и работи од кои многумина би се исплашиле, но јас не.

– Добро го познавам, тој има џиновско срце и би сакал да го имам во мојот тим. Имам голема доверба во него, но не сум го слушнал одамна. Тоа е работа за претседателот и спортскиот директор, јас морам да се насочам на она што го имам во моментов, – вели Де Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни