Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис има стратегија: Наполи сака јапонски репрезентативци да го заменат Ким

Објавено

на

Ким Мин-Јае е пред заминување од Наполи и преселба во редовите на германскиот великан Баерн Минхен кој ќе ја активира откупната клаузула да го доведе во своите редови.

Во таборот на калчолигашот се свесни дека ова ќе се случи, па управата на чело со претседателот Аурелио Де Лаурентис веќе размислуваат за замени, замени кои ќе му помогнат на клубот стратешки, односно панаму да биде активен, актуелен на азискиот пазар.

Според „Скај Спорт Италија“ и „Калчомеркаро“ на радарот се двајца јапонски интернационалци кои настапуваат во Бундеслигата. Првиот е Хироки Ито кој е дел од Штутгарт и Ко Итакура кој ги брани боите на Борусија Менхенгладбах.

Ито има 24 години, а Итакура е нешто повозрасен и има 26 години.

Двајцата би биле далеку поевтина опции од некои други алтернативи, односно максумум по чинеле 20 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни