Поврзете се со нас

Шпанија

Де Јонг објасни на што се должи значителниот раст во формата: Куман има нови барања од мене на теренот

Објавено

на

Френки Де Јонг заигра на навистина далеку повисоко ниво на последните неколку натпревари и конечно почна да наликува на фудбалерот од Ајакс во кој се заљубија сите големи фудбалски великани, а со оглед на тоа што токму младиот Холанѓанец беше дел од прес-конференцијата која беше најава за првото полуфинале во шпанскиот Суперкуп, новинарите ја искористија шансата да му постават прашања за неговата форма.

Барселона утре ќе ги одмери силите против Реал Сосиедад во првиот од двата полуфинални натпревари во Супекупот кој од неодамна има „фајнал-фор“ завршница, а пред натпреварот, Де Јонг обелодени дека на последните неколку меча добил многу поголема слобода од Роналд Куман кога се во прашање офанзивните задачи на теренот.

– Во овој момент се чувствувам многу добро на индивидуално ниво, но исто така и тимски многу напредуваме. Се подобруваме од натпревар во натпревар. На последните неколку меча играм на поразлична позиција во споредба од стартот на сезоната. Сега играм повисоко и поофанзивно во средината, тренерот бара од мене почесто да бидам во нападот и се чувствувам многу покомотно, – изјави Де Јонг.

Покрај Барселона и Реал Сосиедад, дел од Суперкупот се и Реал Мадрид и Атлетик Билбао кои ќе ги одмерат силите во второто полуфинале, а Де Јонг смета дека Барса има обврска да размислува само на трофејот.

– Не знам дали сме фаворити, но кога сте дел од Барселона, секој трофеј мора да биде главна цел. Секогаш сме дел од фаворитите и имаме желба да го освоиме овој Суперкуп. Најпрво мора да го победиме Реал Сосиедад, а потоа ќе мислиме за финалето, – додаде Френки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни