Поврзете се со нас

Европски првенства

Данска ја „збриша“ и Норвешка за потврда на полуфиналниот билет на ЕП

Објавено

на

Репрезентацијата на Данска реди победи на 16. Еввропско првенство на кое најнова жртва беше Норвешка која вечерва беше разбиена во Хамбург со 29:23.

Данците во моментов се на друго ниво во однос на скандинавскиот ривал и тоа го потврдија и денеска каде веќе во првото полувреме се издвоија и на пауза однесоа предност од седум голови (18:11). Со оглед на формата, ритамот тука стана јасно дека продолежението нема да донесе некоја промена, односно дека рутински избраниците на Јакобсен ќе ја завршат работата и со тоа го потврдат полуфиналниот билет.

Тоа и се случи, па така на крајот Линдберг, Гидсел и Питлик беа први стрелци со по пет голови, а двоцифрен број на одбрани имаше голманот Нилсен.

Блонз имаше пет реализации кај Норвешка. Овој вечерашен резултат воедно значи дека и Шведска е полуфиналист на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни