Поврзете се со нас

Европски првенства

Данска гази се пред себе, ветеранот Линдберг незадоволен: Да сакав да трчам, ќе тренирав атлетика…

Објавено

на

Селекцијата на Данска „гази“ се пред себе на Европското првенство и веќе избори пласман во полуфиналето, поточно и на овој  турнир ќе се бори за медал.

Меѓутоа и покрај одличните изданија, претстави на теренот не е се така идеално во таборот на скандиванците затоа што има и такви што се незадоволни од нивниот статус и минутажата што ја добиваат на турнирот. Таков е случајот со Ханс Линберг кој има 42 години, ама се уште е гладен и сака да се докажува на паркетот со тоа што овојпат не е во прв план кај селекторот Николај Јакобсен, поточно смета дека е жртва не неговата тактика.

Тој на десно крило го преферира десниот бек Никлас Киркелоке кој може да игра во двата правци и со тоа го ослободува Матијас Гидсел во дефанзивните задачи.

-Така е поставена нашата игра во моментов. Штета е што е така. Јасно е, играта е многу поубава, позабавна кога сум на теренот и кога имам повеќе шанси за гол. Ова е ракомет, а не „трчање“. Да сакав да трчам, ќе тренирав атлетика, -порача јасно и директно десното крило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни