Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ: Не можеше потешко од ова

Објавено

на

Хрватска беше последната селекција која обезбеди директен пласман на Европското првенство, а лошите резултати во квалификациите направија „коцкестите“ да се најдат дури во третиот шешир.

Тоа во принцип им донесе многу полоша положба пред денешниот ждреб, а извлекувањето во Хамбург едноставно не можеше да биде полошо за брозената селекција од Светското првенство.

Хрватска се најде во „групата на смртта“ и ќе ги одмери силите со Шпанија и Италија, но се очекува да има жесток дуел и со Албанците кои исто така се најдоа во групата Б.

– Не можеше потешко од ова, ова е најтешката група. Ќе играме против актуелниот европски првак и против актуелниот освојувач на Лигата на нации. Ние сме трети во светот и ова е убедливо најтешка група.

– Италија има свој квалитет и создаваат добра екипа, Албанците ќе мора да ги проучиме. За нас ќе биде пресуден третиот меч кој ќе го одиграме против Италијанците. Наша цел останува да ја минеме групната фаза, ќе играме во три града на северот на Германија и ќе имаме огромна поддршка од трибините, – изјави Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни