Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Црвено-црните“ по вторпат поразени: Вардар немаше решение за Кјелце

Објавено

на

Ракометарите на Вардар доживеаа уште еден пораз во битките со Кјелце во групната фаза во Лигата на шампионите.

Минатата седмица полскиот претставник славеше во Скопје со 33-29, додека пак вечерва на свој терен беше поубедлив и триумфираше со седум голови разлика (36-29). Кај „црвено-црните“ не фунционираше одбраната, свој ден немаа ниту голманите, а кога е тоа така е невозможно да се дојде до позитивен резултат против најдобриот клуб од Полска.

Вардарци играа добро во првиот дел на првото полувреме, меѓутоа домаќините го засилија темпото, ги користеа сите грешки и веќе до паузата дојдоа до плус шест (18-12). Второто полувреме беше рутина, двата состави имаа свои моменти, разликата се намалуваше, растеше за да на крајот конечни 36-29.

Морито и Душебаев со по седум гола беа најдобри кај победникот, кај Вардар прво име беше Дибиров со седум погодоци.

Следен противник за нашиот шампион е Порто на голманот Никола Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни