Поврзете се со нас

Македонија

„Црвено-црните“ го потврдија трансферот: „Хрватскиот Хансен“ две години ќе го носи дресот на Вардар

Објавено

на

Екипата на Вардар официјално ги потврди последните информации кои се појавија во медиумите, а тоа е дека клубот се договорил со хрватскиот интернационалец Анте Кудуз.

Имено „црвено-црните“ ја информираа јавноста дека со Кудуз потпишале двегодишен договор според кој тој би требало да остане во Скопје до 2023 година. Анте ја покрава левата бековска позиција, а во Вардар ќе дојде од романски Динамо Букурешт.

Во минатата сезона во ЛШ постигна 61 погодок, додека пак во оваа во Лига Европа има дадено 11 на 4 натпревари.

-Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона и сакаме да имаме повеќе расположливи квалитетни играчи на сите позиции. Очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентни на меѓународна сцена, вели тренерот Стевче Алушовски.

Најдобриот македонски клуб претходно го договори десното крило Дарко Ѓукиќ, додека пак во клубот веќе пристигна Васко Шеваљевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни