Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда најави казни за навивачите кои направија инцидент по вчерашниот дуел со Жалгирис

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Поразот на Црвена Звезда од Жалгирис на вчерашнат евролигашка пресметка, донесе и дополнителни проблеми за домашниот тим во Белград.

Дел од навивачите реагираа жестоко по крајот на средбата, фрлајќи тврди предмети кон судиската тројка, по што арбитрите спасуваа глава со помош на обезбедувањето кое ги изнесуваше од теренот.

Реакцијата била испровоцирана од неколку судиски одлуки во финишот, но тоа нема да го спаси клубот од дисциплинската комисија на Евролигата, која вообичаено доделува казни за ваквите инциденти. Со своја реакција се јави и српскиот клуб, кој најави казни за идентификуваните навивачи.

– КК Црвена Звезда со жалење констатира дека без разлика на случувањата за време на натпреварот, инцидентот по крајот на средбата ги фрли во сенка сите наши напори за организирање на натпреварот без инциденти.

– Клубот е во комуникација со надлежните органи кои ќе преземат мерки по процесот на идентификација, а сите навивачи кои учествуваа во инцидентот ќе останат без сезонскиот билет и ќе им биде забранет влез во салата на нашите натпревари, – велат од клубот.

Евролигашките судии едвај спасуваа жива глава во „пеколот“ во Белград (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни