Евролига
Евролигашките судии едвај спасуваа жива глава во „пеколот“ во Белград (Видео)

Црвена Звезда загуби на драматичен начин од Жалгирис и практично остана без шанси за плеј-ин во Евролигата, но начинот на кој дојде до вакво сценарио направи да видиме бура во „Штарк арената“.
Во самата завршница, гостинскиот играч Кинан Еванс се чини дека ја нагазна линијата на средина на теренот и во дадената ситуација топката требаше да и припадна на Звезда, но бидејќи на крајот не можеше да се враќа одлката, атмосферата во салата стана пеколна за судиите.
Навивачите на Звезда беснееја и почнаа да фрлаат предмети на теренот, но посебно беше драматично кога евролигашките судии се обидоа што побрзо да избегаат од теренот.
Реалноста е дека тројцата судии спасуваа жива глава и мораа да бидат извадени од теренот со подвижни штитови составени од обезбедувањето, па на овој доста драматичен начин се заокружи натпреварот кој заврши 91:93.
Звезда сигурно ќе сноси последици за овој инцидент и ризикува голема парична казна, но и затворање на дел од трибината за наредните натпревари на домашен терен.
— OvoOno (@OvoOnoX) February 9, 2024
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија18 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови8 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија11 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа
-
Шпанија15 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)