Поврзете се со нас

Лига на нации

Циганков ја шокираше Шпанија, Германија преживеа во гол шоуто во Келн (Видео)

Објавено

на

Шпанија имаше апсолутна контрола на теренот и максимален посед на топката на гостувањето во Киев, но на крајот претрпе шокантен пораз од селекцијата на Украина.

Во натпревар во кој уште еднаш се докажа дека тимот на Луис Енрике има сериозен проблем со реализацијата, домашниот тим на најдобар можен начин ја искористи својата најдобра шанса, притоа користејќи го и лошото позиционирање на Де Хеа.

„Фуријата“ создаде многу шанси, но не искористи ниту една од нив, но затоа на другата страна казни Циганков кој во 76-та минута лесно го матираше лошо излезениот Де Хеа. Шпанија притисна до крајот, но не успеа да стигне до израмнување.

Во групата 4 во А дивизијата во Лигата на нации, далеку повозбудлив натпревар се одигра во Келн, каде Германија пак ги покажа сите свои слабости во одбраната. „Панцирите“ уште еднаш разочараа во поглед на дефанзивата, па тимот на Лев прими дури три гола од Швајцарија, што беше премногу да се очекува победа.

Швајцарија водеше 0:2 со головите на Гавранович и Фројлер, Вернер и Хаверц израмнија на 2:2, но гостите одново дојдоа до воство преку Гавранович.

Во гол шоуто се приклучи и Серж Гнабри, но неговиот погодок беше последен на мечот и истиот заврши 3:3. Со ова сценарио, Шпанија останува прва во групата со седум бода, додека Германија е втора со шест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни