Поврзете се со нас

Репрезентација

Чурлинов пред пресметките со Италија и Англија: Играме за Македонија и нема место за изговори

Објавено

на

Македонија без резултатски притисок влегува на завршните два натпревари од квалификацискиот циклус за Европското првенство, но тоа не значи дека нема да се даде максимумот.

Нашиот национален тим пред себе има два престижни противници како Италија и Англија, со тоа што прво гостуваме кај „аѕурите“ на 17-ти ноември, а три дена подоцна ја пречекуваме Англија во Скопје.

„Рисовите“ останаа без шанси за настап на континенталниот собир по последниот пораз од Украина, но Дарко Чурлинов најавува борба за секоја топка и за секој метар од теренот на дуелите кои следат против големите фаворити.

– Иако немаме шанси да се пласираме на Европското првенство, целта е да дадеме се од себе. Тоа го правиме секојпат кога играме за Македонија, така ќе биде и сега.

– Сите знаеме против какви велесили ќе играме, ќе ги анализираме и Италија и Англија, но ние немаме што да загубиме. Едноставно треба да излеземе на терен и да одиграме максимално. Имаме доволно конкуренција во нашиот тим и се надевам дека тоа ќе му донесе профит на тимот. Играме за Македонија и ги браниме овие бои, нема простор за изговори кога го браниме националниот грб. Подготвен сум за игра, подобро се чувствувам од минатиот пат и му стојам на располагање на селекторот доколку избере да бидам на теренот, – изјави Чурлинов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни