Поврзете се со нас

Балкан

Човек на одлука: Аврамовски влезе и го комплетираше големиот пресврт на Сараево (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски донесе победа за Сараево на денешната пресметка против Слобода во првата лига на Босна и Херцеговина.

Домашниот тим имаше пеколен старт и по 14 минути игра веќе водеше со 2-0 во Тузла. Меѓутоа бордо тимот се врати и од 33 до 35 минута израмни на 2-2, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел беше далеку помирно се до 73 минута кога нововлезениот Аврамовски се најде на вистинско место и го комплетираше големиот пресврт на гостите. Даниел влезе во игра во 70 минута и се покажа како вистинки џокер за Сараево кој со 35 бода е на 6 место на табелата.

Популарниот Цуго има 1 гол и 1 асистенција на 14 натпревари во актуелнава сезона во БиХ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни