Поврзете се со нас

Англија

Челси ја научи лекцијата: Го потврди Покетино и откри детали од потпишаниот договор (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси зад себе остави една навистина турбулентна сезона која ја заврши на 12-то место после смена на двајца менаџери во период од девет месеци, а еден ден по спуштената завеса во Премиер лигата, клубот ја потвди веста за која се шушкаше во јавноста веќе некое време.

Маурисио Покетино и официјално е нов менаџер на клубот од Северен Лондон и е избран како човек кој ќе го води проектот во сезоната 2023/24, наследувајќи го Френк Лампард кој вчера го одработи последниот меч како привремен менаџер.

Од договорот кој го сподели Челси во јавноста, забележително е тоа што клубот очигледно ја научи лекцијата од претходните двајца менаџери, односно газдата Тод Боли се реши за далеку пократок договор.

Челси загуби многу пари на обесштетувања поради отказот на Томас Тухел, а уште повеќе на Грем Потер кој во септември доби петгодишен догово од клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Поучени од ова, Тод Боли и водечките луѓе на Челси му понудија само двегодишен договор на Покетино, со напомена дека истиот може да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од сработеното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни