Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со сериозни пофалби за Реал пред големото „Ел Класико“ дерби

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес го подготвува својот тим за „Ел Класико“ дербито против Реал Мадрид кое се игра утре на „Сантијаго Бернабеу“, но јасно е дека во мислите се уште му се свежи случувњата од четвртфиналињата во Лигата на шампионите.

Двата шпански великани имаа сосема различни искуства во Европа, но Чави врти лист и потенцира дека неговиот тим ќе мора да одигра перфектен меч за да остане во игра за титулата.

Барселона ќе брка победа на гостински терен за да ја намали негативата во однос на вечниот ривал, за кого Чави имаше само пофални зборови откако го елиминираа Манчестер Сити на драматичен начин.

– Утре имаме шанса да заборавиме на разочарувањето о Лига на шампиони и да се вратиме во игра за Ла Лига. Ова сега за нас е најважен меч во сезоната, мора да победиме. Ќе играме против многу силен ривал, тим кој ќе биде уште посилен откако го елиминирше најдобриот тим во светот. Самодовербата им е во облаци, но ние трениравме добро и сакаме да внесеме жар во Ла Лига до крајот на сезоната. Тоа ќе го направиме само со победа.

– Реал го елиминираше Сити, најдобриот тим во светот. Мораа да се бранат за да го направат тоа, но кога играте против најдобриот во светот, морате да играте и така. Беа како двоен блок, но се бранеа многу добро и тоа е дозволено во фудбалот. За да ги победиме, мора да бидеме ефикасни, бидејќи Реал ја казнува секоја грешка.

– Реал победи во Лигата на шампионите многупати и затоа сега играат мирно на секој меч. Јас не верувам во среќата, верував во дефанзивната работа што ја направи Реал против Сити. Сите играчи работеа и успеаја да се одбранат. Сити промаши големи шанси, но таков е фудбалот. Реал двапати го елиминираше Сити во последните три години и тоа не е случајно. Ние се бориме против тој тим во Шпанија, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни