Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Оваа недела ќе биде клучна, ќе дознаеме многу работи

Објавено

на

Барселона не се прослави во завршницата на сезоната во Примера, односно дојде до опуштање по освоениот пехар, па беа забележани три порази на последните четири средби.

Последниот дојде вчера од Селта Виго на „Балаидос“ од 2-1, но истиот не го загрижи тренерот Чави Ернандес кој веќе размислува за следната кампања.

-Имавме одлична сезона, ама мора да се засилиме за да се бориме за сите титули особено во Европа. Тука мора да направиме чекор напред, потребни ни се по двајца играчи на секоја позиција. Ама извлековме многу од овој тим, -рече Чави кој се надева на позитивни вести од Ла Лига оваа седмица, поточно одобрување на планот кој ќе и овозможи на Барселона нормално, активно да функционира во наредниот период.

-Оваа седмица ќе биде дефинитивна и ќе го знаеме вистинското сценарио дали ќе можеме да носиме играчи и да се засилиме, мора да се засилиме за во Европа. Клучно е да се засилиме за да бидеме компетитивни за сите титули, -порача Ернандес.

Шпанскиот првак ќе ја заокрижи кампањата со пријателскиот меч против Висел Кобе во Јапонија закажан за 6 јуни од 12:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни