Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави накратко објасни зошто ПСЖ ќе влезе како фаворит во четвртфиналната битка со Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес ова попладне направи најава на големото дерби против Атлетико кое се игра утре, но сосема очекувано, даваше одговори и за вчерашната ждрепка во Лигата на шампиони.

Четвртфиналните парови ги споија Барселона и ПСЖ, а интересно е тоа што Чави за противник ќе има еден од своите поранешни ментори, Луис Енрике.

Според француските медиуми, ПСЖ влегува како апсолутен фаворит за пласман меѓу четирите најдобри, а Чави смета дека таквиот статус само ќе му ја олесни ситуацијата на неговиот тим.

– Се согласувам со Французите, ПСЖ влегува како фаворит. Сметам дека се фаворити во овој момент, поради ситуацијата во која се двата тима и двата клуба. Историски гледано, ние имаме повеќе титули од нив во Лигата на шампионите, но во моментов тие се во подобрар ситуација од нас, имаат многу поголем буџет.

– Сигурен сум дека нема да не победат со ентузијазам и желба, ќе влеземе максимално на двата меча. Ни се падна еден од најтешките противници, но треба помалку да се зборува, а повеќе да се прави. Треба да зборуваме на теренот, да го покажеме нашиот талент и нашата вредност, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни