Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави му дал големо ветување на Лапорта по елиминацијата во ЛШ

Објавено

на

Барселона не успеа да направи изненадување и загуби од Баерн Минхен со 3-0 и со тоа сама пресуди кога е во прашање местото во нокаут фазата во Лигата на шампоните.

Каталонците по две децении нема да бидат дел од елиминациските борби што секако е удар за клубот како во поглед на реноменото, статусот така и од финансиски гледна точка. Сега клубот ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа и првите пораки од играчите, тренерот беа дека ќе направат се да го освојат ова натпреварување.

Дали ќе успеаат во оваа нова мисија ќе покаже времето, а во меѓувреме шпански „АС“  пренесува дека Чави Ернандез му дал едно големо ветување, збор на претседателот Жоан Лапорта на патот, летот од Минхен кон дома.

Наводно Чави му порачал на Лапорта дека Барса за една година ќе биде на нивото на Баерн Минхен.

Ова е дефинитивно храбра изјава на Ернандес ако се земат сите проблеми, аномалии на екипата, клубот, но оваа изјава треба и да се земе со резерва затоа што медиумите знаат да претераат во вакви ситуации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни