Поврзете се со нас

Конференциска лига

Бугарите се жалат, навивачите на Левски го нарекоа „нива“ теренот во Скопје (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/levskiofficial

Левски ја одржа прес-конференцијата во Скопје и најави дека ќе атакува на победа против Шкупи, натпревар кој ќе се одигра утре во рамките од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Поради тоа што стадионот во Чаир не ги исполнува стандардите на УЕФА, Шкупи ќе игра како домаќин на најпознатото фудбалско здание во нашата земја, а мора да се признае дека теренот на истото не е во најдобра состојба.

Бугарите вечерва го одработија стандардниот тренинг пред утрешниот натпревар, со тоа што новинарите од соседната земја воочија дека тревата е во навистина лоша состојба.

Бугарски „Гонг“ објави видео за тешките услови кои ќе ги имаат играчите на Левски на утрешниот натпревар и предупреди дека тоа може да биде проблем за течната игра, но доста посурови беа реакциите од навивачите на Левски.

Откако клубот објави фотографии од одработениот тренинг, навивачите на Левски најчесто повторуваа само еден збор, односно го нарекоа „нива“ теренот на националната арена „Тодор Проески“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни