Поврзете се со нас

Италија

Брозовиќ: Ова ни беше потребно, мораме… (ВИДЕО)

Објавено

на

Интер го потврди статусот на фаворит и издвоува победа над Торино од 1-0 на средбата која се одигра на „Џузепе Меаца“.

Овој триумф им беше повеќе од потребен на „нероаѕурите“ кои претрпеа порази на три од последните четири натпревари, па мораше да биде свикан и кризен состанок, состанок кој даде резултат ако се суди по денешниот триумф кој го обезбеди Марсело Брозовиќ во самата завршница и тоа по едно одлично додавање на Барела.

Токму Хрватот по оваа битка испрати една јасна порака дека Интер едноставно мора да даде повеќе, да игра со поголем интензитет за да продолжи да ги има посакуваните резултати.

-Ова е навистина важна победа, бидејќи беше тежок натпревар, Торино е еден на еден низ целиот терен, беше тешко и ова ни беше потребно. Работиме понапорно, поголем интензитет, повеќе темпо, бидејќи на некои натпревари не можевме да го направиме она што го сакавме. Треба да продолжиме и да победуваме, -рече Брозовиќ кој каже и што се случувало да состанокот на екипата со директорите.

-Разговаравме и тоа е се, ништо повеќе, -истакна големиот борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни