Поврзете се со нас

Олимписки игри

Бјелица „згрми“ по неуспешната олимписка приказна: Ако вака продолжиме ќе исчезнеме за пет години

Објавено

на

Србија не го потврди статусот на фаворит на турнирот во Белград и не избори пласман на Летните Олимписки Игри во Токио.

Избраниците на Кокошков загубија од Италија со 102-95 во финалниот меч од квалификациите, резултат кој донесе големо разочарување и многу реакции. Овој неуспех сигурно ќе донесе промени во националниот тим, дел од играчите можат и да се повлечат и тоа директно го најави Немања Бјелица.

Членот на Мајами Хит беше брутално искрен и отворен по дуелот во Белград порачувајќи дека ова не смее да се повтори, односно мора веднаш нешто да се промени или кошарката во Србија ќе доживее голем пад, црни денови.

-Не е доволно да се каже неуспех, ова е катастрофа! Од нас се очекуваше да се квалификуваме. Сакавме да ги израдуваме нашите луѓе, се извинувам и ќе преземам одговорност како еден од најискусните играчи. Јас не бегам од одговорност. Со ваква игра и пристап, не заслужуваме да се пласираме понатаму. Загубивме од подобар тим. Не можев да играм на крајот, од мои причини … Игравме како гомна, како да кажам дека заслужуваме да добиеме виза за Токио … Помина подобриот тим. Играњето за репрезентација е друго ниво на кошарка. Нема да зборувам за притисок затоа што ако не сте тука во тим со 100 проценти од себе, тогаш тоа не е добро, -рече Бјелица и продолжи:

-Нашето однесување мора да се подобри и само ако научиме нешто … Всушност, мило ми е што бев дел од овој тим, како и оној пред две години. Луѓе, за пет години ќе исчезнеме ако нешто не се промени. Мораме да бидиме многу подобри, поинакви за да нешто направиме. Ќе имаме долги лета за да се подготвиме за следните клупски сезони. Луѓе ако Милош Теодосиќ игра пресинг преку целиот терен во 40-тата минута, тогаш нешто не функционира. Не ја знам причината за сето ова, но мора да бидеме во тим со 100 проценти од нас самите. Голема срамота е како го загубивме овој натпревар. Не зависи од тренерот и стручниот штаб, туку од нас играчите, -истакна Немања кој не знае дали и во иднана ќе остане репрезентативец.

-Игравме ужасна кошарка. Останува да видиме како ќе продолжиме понатаму. И јастреба да се запрашам дали треба да играм понатаму, дали има смисла. Не е проблем да се биде дел од неуспех, ама не можев да му помогнам на тимот. Му се извинувам на нашиот народ, -заврши Бјелица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни