Поврзете се со нас

Италија

„Бјанконерите“ победуваат, Касано не е импресиониран: Јувентус се врати? Пак се ѓубре…

Објавено

на

Јувентус е екипата која е најдобра форма во Серија А каде успеа да забележи осум победи во низа и сега го дели второто место на табелата со Милан.

Овие резултати Јуве ги оствари без многу важни играчи, па многумина во оваа серија видоа знак дека „бјанконерите“ се на вистински пат да се вратат и бидат конкурентни за самиот врв, титулата/титулите. Со ова не се согласува поранешниот италијанскиот репрезентативец Антонио Касано кој важи за дежурен критичар на „старата дама“, но и на тренерот Масимилијано Алегри.

-Алегри постојано вели чекор по еден, минималната цел е четвртото место, што е целосна лагаод која ми се гади.Тој добро знае дека Јуве и Интер ги имаат најсилните состави во лигата и мора да атакуваат на Скудетото. Не ми пречи разликата во идеите, но ако ме однесете на возење тогаш ќе кажам дека е одвратно.

-Навивачите на Јувентус не се глупави, не ми е гајле за гладта, агресивност, тоа е ако сте мал клуб, но на полувремето да играте дома и имате 44 проценти посед против Удинезе…-рече Касано за „Бобо ТВ“ и додаде:

-Очигледно, сите новинари, поранешни играчи и пријатели велат дека Јувентус се вратил. Се вратил на што, да биде ѓубре? Можеби ќе освојат сè, но настрана од натпреварот против Лацио, тие беа ужасни. Всушност, против тим од Серија Б како Кремонезе, тие заслужија да загубат! Во последната секунда голманот згреши и Јуве победи, -испука Антонио во негов стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни