Поврзете се со нас

Англија

„Билд“: Еден клуб во пол позиција за ангажман на Ерлинг Халанд

Објавено

на

Ерлинг Халанд дефинитивно ќе биде играчот кој ќе го обележи следниот период откако од Борусија Дортмунд потврдија дека најдоцна за еден месец ќе биде познато каде играчот ќе ја продолжи кариерата.

Едно е сигурно, Халанд нема да остане на „Вестфален“ туку ќе избира една од многуте понуди кои ќе стигнат на негова адреса.

Според германскиот „Билд“ во моментов од таборот на Манчестер Сити се најголеми фаворити за потписот на одличниот норвешки напаѓач.

За 21 годишниот фудбалер има интерес и од Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но тој како што стојат работите ќе ги следи стапките на неговиот татко и ќе потпише договор со „граѓаните“.

Манчестер Сити во тимот нема класичен напаѓач- голгетер, а доколку го ангажира Халанд ќе бидат далеку поопасни во офанзивата.

Минатото лето Пеп Гвардиола се обиде да го ангажира Хари Кејн, а откако не успеа сега вниманието ќе го насочи токму кон Ерлинг Халанд чиј татко во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни