Поврзете се со нас

Англија

Без влакна на јазикот: Марсијал испрати тешки зборови на адреса на Мурињо и Солскјер

Објавено

на

Антони Марсијал започна како стартер во новиот Манчестер Јунајтед и сигурно ќе добие шанса од Ерик Тен Хаг да ја врати кариерата во посакуван правец, откако во последните неколку години влезе во една криза и длабока дупка, од која никако да излезе.

Во прилог не му одат и повредите кои никако да го поштедат, па така е и на стартот на новата натпреварувачка сезона која ја започна како стартер, а сега е во процес на рехабилитација.

Со оглед на принудната пауза која настана во Англија поради смртта на Кралицата Елизабета Втора, Марсијал одработи интервју за „Франс Фудбал“, а истото го искористи за да распали по двајца од менаџерите со кои соработуваше во Јунајтед, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

– Со Мурињо се започна со приказната за бројот на мојот дрес. За време на одморот, Мурињо ми испрати порака и ме праша дали сакам да го променам бројот, да ја носам 11-та која ја носеше Рајан Гигс. Му кажав дека максимално го почитувам Гигс, но дека сакам да си останам со 9-та. Кога се вратив во клубот, на моето име ја имаше 11-та и таа приказна не заврши баш добро. Мурињо покажа непочитување кон мене.

– Знаеше да зборува во јавноста за мене, имаше мали зајадливи коментари, тој ги сака тие мали игри, но добро знае што прави. Имав 20 години и ако кажев нешто, сите ќе се свртеа против мене, ќе кажеа дека не го почитувам менаџерот. Следната сезона бев најдобар во тимот на стартот, но потоа го доведе Алексис Санчес и речиси да не заиграв, – вели Марсијал, кој не го памети по добро и периодот со Оле.

– Со Солскјер, јас постојано играв повреден. Не можев да забрзувам и да имам добар старт со спринтање првите четири месеци по Ковид прекинот. Тренерот ми велеше да форсирам бидејќи му требам на тимот. Фановите ме критикуваа за слабите изданија, а менаџерот никогаш не застана во моја одбрана. На крајот, заработив посериозна повреда и кога се вратив веќе не играв. Тоа беше многу лошо за мене. Ме натера да се жртвувам и потоа ме отфрли. Тоа беше голема неправда, го прифатив како предавство од негова страна, – додава Французинот, кој памети добри денови од времето со Луи Ван Гал.

– Имав одличен однос со Ван Гал, чест е да се учи од таков џентлмен. Ме викаше во неговата канцеларија за да гледаме видеа од мене и од моите игри. Еднаш постигнав два гола и ме повика во канцеларијата да го гледам видеото за дополнително да ме „запали“ и мотивира, – открива напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни