Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема е минато, кој може да го наследи во Реал Мадрид? Ова е листа од девет имиња

Објавено

на

Еден од најдобрите светски напаѓачи, Карим Бензема си заминува од Реал Мадрид што секако е голем удар за шпанскиот великан кој очекуваше барем уште една годинина голгетерот на остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Меѓутоа лудата понуда од Саудиска Арабија промени се и Карим си оди од клубот на кого многу му даде, но и клубот од кого многу доби од 2009 година, па се до денеска. На „кралевите“ нема да им биде лесно да пронајдат адекватна замена, играч кој во исто време ќе може да дава голови, но и да се адаптира на стилот на игра, да помага, асистира, отвара простор, нешто што Карим перфектно го правеше низ годините.

Каков потег ќе повлече Флорентино Перез останува да видиме, а во меѓувреме специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ излезе со листа од девет имиња, напаѓачи кои можат да ја пополнат дупката во офанзиваната на клубот од Примера.

Ова е комплетниот список:

-Виктор Осимен од Наполи

-Хари Кејн од Тотенхем

-Ромелу Лукаку од Челси (на позајмица во Интер)

-Килијан Мбапе од ПСЖ

-Роберто Фирмино (слободен)

-Душан Влаховиќ од Јувентус

-Каи Хаверц од Челси

-Гонсало Рамос од Бенфика

-Ерлинг Халанд од Манчестер Сити

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни