Поврзете се со нас

АТП

Бекер го искоментира прекинот на соработката на Ѓоковиќ и Иванишевиќ

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Германската тениска легенда, Борис Бекер даде краток коментар за темата која е број еден во белиот спорт во текот на денешниот ден, а тоа е прекинот на соработката на Новак Ѓоковиќ со Горан Иванишевиќ.

Србинот и Хрватот одлично функционираа, Ѓоковиќ имаше одлични резултати од доаѓањето на Иванишевиќ, па за многумина беше изненадување што сега е ставен крај на оваа приказна.

Бекер во минатото работеше со Новак и многу добро го познава, па со неколку објави на социјалните мрежи го пофали Горан тоа што го направи со првиот светски рекет од 2018 година.

-Исклучително успешно партнерство! Браво Горан!

-Горан заврши одлична работа со Ноле!

Има одредени информации дека Ненад Зимоњиќ ќе биде човекот кој ќе му помага на Ѓоковиќ во наредниов период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни