Поврзете се со нас

НБА

Батлер ја потопи Филаделфија, па жестоко го поздрави поранешниот клуб (ВИДЕО)

Објавено

на

Мајами Хит славеше на гостувањето кај Филаделфија со 99-90, победа која значеше крај на оваа серија (4-2) или поточно пласман на составот од Флорида во големото финале на источната конференција.

Човек на одлука беше Џими Батлер кој беше фантастично расположен пред се во второто полувреме, реализираше вкупно 32 поени, 8 скока, 4 асистенции, 1 украденена топка и 2 блокади и со тоа на најдобар можен начин му се одмазди на поранешниот клуб.

Филаделфија лесно се ослободи од Џими во 2019 година, а тоа не го заборави играчот кој по завршувањето на средбата и влезот во соблекувалната испрати кратка, ама јасна порака.

-Тобајас Херис пред мене? -порача Батлер кој потоа додаде и пцовка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни