Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона реши административен проблем, Дани Алвес доби зелено светло за настап (Фото)

Објавено

на

Барселона се уште се соочува со финансиска криза и ограничен буџет, па јасно е дека во јануари ќе мора да се активира некое заминување или да видиме драстично намалување на плата на Усман Дембеле за да биде пријавенот големото зимско засилување.

Феран Торес беше претставен на „Камп Ноу“, но шпанскиот репрезентативец ќе мора да почека за да биде регистриран како првотимец за настап, нешто што денеска и официјално беше направено со првото зимско засилување.

Дани Алвес пристигна како слободен агент во Барслеона уште во месец ноември, но беше јасно дека нема да може да игра до почетокот на месец јануари иако во изминатите 50 дена постојано беше дле од тренинзите.

Бразилецот во меѓувреме го надмина и коронавирусот, а утрово беше конечно регистриран како член на првиот тим на Барселона и уште вечер ќе може да го има своето второ официјално деби на Куп пресметката против Линарес.

Последниот официјален настап на Алвес за Барселона беше на 22-ри мај 2016-та година, кога Барселона во финалето на Купот ја победи Севилја со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни