Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го сруши Реал во „Ел Класико“ и постави нов рекорд во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Екипата на Барселона славеше над Реал Мадрид со 83:78 во големото дерби на 18. коло во Евролига.

„Кралевите“ допатуваа во Каталонија со еден единствен пораз во елитното натпреварување, односно влегоа пресметката во далеку подобра форма и важеа за фаворити на хартија. Меѓутоа кога на теренот се овие два лути ривали се се заборава, не е важна позицијата и што е досега постигнато, па така домаќините водени од своите навивачи во „Палау Блауграна“ се изборија за важен триумф кој треба да им донесе нова енергија, самодоверба по лошите резултати во последно време.

Реал го доби првото полувреме со 47:45, а ја задржа истата предност и по третата четвртина (62:60), ама последните десет минути далеку подобро ги одиграа избраниците на Гримау (23-16) и со тоа го запишаа 12 сезонски триумф.

Оваа победа воедно значеше испишување на историја, бидејќи за Барса беше 421 славје во оваа конкуренција со што ја надмина ЦСКА Москва, поточно стана тим со најмногу победи во Евролигата.

Лидер беше Весели со 27 поени и 4 скока, Лапровитола додаде 14 поени со 4 скока и 8 асистенции, Калиниќ пак застана на 13 кошеви, 4 скока и 5 асистенции.

Муса и Хезоња реализираа по 19 и 16 кошеви кај гостите од Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни