Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона добива нов стопер во 2023 година (ВИДЕО)

Објавено

на

Иако е само почеток на оваа сезона големите клубови како што е Барселона веќе размислуваат за потезите што можат да бидат повлечени во 2023 година, па како што стојат работите тимот од „Камп Ноу“ е на добар пат да обезбеди едно квалитетно засилување.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека шпанскиот вицешампион го посакува асот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез. Стоперот има договор со баскиците до 30 јуни 2023 година, па Барса сака ова да го искористи и го доведе дефанзивецот без никакво трансфер обештетување, поточно како слободен играч.

Минатово лето веќе имало контакти меѓу клубот и Мартинез, поточно бил алтернатива за Жил Кунде кој беше пред потпис со Челси, ама на крајот сепак слета во Каталонија.

Сега Барса е спремна да ја затвори зделката со играчот или поточно со неговите агенти си кои во основа се има договорено за реализација на тренсферот.

Ињиго е левак, а тоа во моментов недостасува во тимот на Чави Ернандес кој нема ниту еден централен дефанзивец на кого посилна нога му е левата. На Чави многу му се допаѓа Баскиецот, па се чини се исполнуваат сите услови за да дефанзивецот го направи потегот на кариерата.

Тој има 31 година, настапува за шпанската селекција, а досега на клупски план има играно уште за Реал Сосиедад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни