Поврзете се со нас

Англија

Барнли се врати во Премиер лигата, Чурлинов уште еднаш надвор од составот

Објавено

на

На шест кола до крајот на регуларниот дел во Чемпионшип лигата, екипата на Барнли и математички го обезбеди враќањето во Премиер лигата.

Избраниците на Винсент Компани со 2:1 славеа во дерби пресметката со Миделсбро и си го букираа враќањето во најелитниот англиски фудбал, само една сезона по нивното испаѓање ранг подолу.

Барнли сега има огромни 19 бодови предност во однос на третопласираниот Лутон, а со оглед на фактот што до крајот има само шест натпревари и максимален број на бодови кои може да се освојат е 18, клубот од „Турф Мур“ и официјално се враќа во Премиер лигата.

На натпреварот против Миделсбро стрелци на головите за новиот премиерлигаш беа Ешли Барнс и Конор Робертс, додека за Миделсбро погоди Чуба Акпом.

Нашиот репрезентативец, Дарко Чурлинов уште еднаш беше надвор од протоколот и не доби шанса за настап од Винсент Компани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни