Поврзете се со нас

Балкан

Барди со гол во негов стил ја потврди победата на Трабзонспор (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/TrabzonsporEN

Составот на Трабзонспор славеше над Хатајспор со 2-0 на денешната средба во турскиот шампионат, победа за која еден од најзаслужните беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди имаше одличен настап кој беше заокружен со погодок во 77 минута, гол со кој домаќините го потврдија триумфот кој за нив е од исклучително значаење по четирите порази во низа.

Енис шутираше во негов стил, ниско во земја во аголот, неодбранливо за големо задоволство на сите присутни на стадионот. Ова за репрезентативец е трет сезонски лигашки гол за Трабзон, но дури прв од месец септември кога ја матираше Кашимпаша.

Со 40 бода поранешниот турски шампион се наоѓа на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни