Поврзете се со нас

Франција

Балотели: Никогаш не би играл за ПСЖ! Ама ако ти понудат десет милиони евра? Тогаш сигурно би прифатил

Објавено

на

Foto:instagram.com/mb459

Марио Балотели своевремено важеше за голема италијанска надеж, играч кој може да биде лидер, предводник на една генерација, меѓутоа тој никогаш не ги исполнии тие очекувања и покрај квалитетот, знаењето, талентот кој е неспорен и до ден денеска.

Напаѓачот не беше доволно фокусиран, посветен на фудбалот и токму поради тоа не изгради уште позначајна кариера иако ако се погледнат клубовите во кои настапуваше (Интер, Милан, Манчестер Сити, Ливерпул, Олимпик Марсеј…)тогаш за многумина тоа е топ фудбалско патување.

Тој сега 33 години и е дел од турска Адана за која имаше одлично деби со два погодоци. Меѓутоа и денеска Супер Марио е специфичен лик и карактер и тоа уште еднаш го потврди во гостувањето на „ТВ Плеј“ каде запрашан за тоа дали би потпишал за ПСЖ покажа среден прст, па потоа порача:

-Нема шанси, нема апсолутно никакви шанси. Играв за Марсеј и Ница, така што нема шанси.

-А што ако ти понудат плата од 10 милиони евра годишно?

-Па, секако дека тогаш би прифатил, за 10 милиони евра би одел да играм и во тимот на брат ми, -порача Марио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни