Поврзете се со нас

Свет

Бахами шок за Аргентина: НБА ѕвездите ги оставија „гаучосите“ и без олимписки настап

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Бахамите ја победи Аргентина на гостински терен (75:82) на претквалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз и ги остави „гаучосите“ без можност да се борат за настап на олимпискиот турнир во Париз.

НБА ѕвездите Ерик Гордон, Бади Хилд и ДеАндре Ејтон испорачаа одличен натпревар во кој Бахамите го решија победникот во последниот период и обезбедија настап во олимписките квалификации закажани за следното лето.

За Аргентина ова е уште еден голем шок, бидејќи претходно оваа јужноамериканска селекција не успеа да обезбеди место и на претстојното Светско првенство.

Гордон го завршил натпреварот со 27 поени, Хилд и Ејтон уфрлиле по 15, односно 10 поени, што со одличната тимска игра беше доволно за Бахамите да се најдат меѓу 24 репрезентации кои ќе се борат за четири места на ЛОИ.

Кај Аргентинците најефикасен бил Дек со 21 поен, Делфино реализирал 15, а Кампацо се истакнал со 14 поени и 17 асистенции.

Бахамите се дел од 24 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи, па најуспешната селекција од секоја група ќе игра на ЛОИ во Париз. Преостанатите осум места ќе ги заземат домаќинот Франција и уште седум селекции кои ќе обезбедат пласман преку СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни