Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн се разбуди и го потопи Лацио, Мбапе завери четвртфинале за ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен и ПСЖ се први потврдени патници во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а до таков статус стигнаа со денешните победи против Лацио, односно Реал Сосиедад.

Дуелот во Германија беше понеизвесен поради победата на Лацио на првата средба, но Баерн денеска не дозволи изненадување и издоминира против италијанскиот ривал, кој не издржа под притисокот на Кејн и соиграчите.

Англискиот репрезентативец го отвори резултатот во 39. минута, а до крајот на полувремето Томас Милер зголеми на 2:0 и го најави успехот на Баварците.

Кејн во 66. минута го постигна и вториот гол, зголемувајќи на 3:0, што се покажа и како конечен резултат на оваа средба.

И ПСЖ не дозволи драма во Шпанија, па по победата на првата средба, поведе против Реал Сосиедад во 15. минута со првиот гол на Килијан Мбапе.

Истиот фудбалер реализираше и во 56. минута, Мерино само намали во 89. минута на 1:2, па францускиот првак со две победи заслужено патува во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни