Поврзете се со нас

Германија

Баерн има турбулентна сезона, клубот има јасен план со Нагелсман

Објавено

на

Баерн Минхен сезонава има променливи резултати, а турбуленциите и нестабилноста активираа шпекулации дека клубот може да почне да ја губи довербата во тренерот Јулијан Нагелсман.

Сепак, претседателот на клубот, Херберт Хајнер во своето последно интервју јасно нагласил дека Баварците не планираат да се откажат од младиот стручњак.

– Јулијан е одличен тренер и никој не се сомнева во тоа.

– Учи многу брзо, па веќе има сериозно искуство кое му помага во работата.

– Кога и да е потребно, Нагелсман успева да го изведе вистинскиот тим на теренот, задоволни сме од неговата работа и очекувам да имаме долга соработка, – изјавил Хајнер.

– Што се однесува до Бундеслигата, јасно е дека ривалите го подигнаа нивото. Борусија ќе ни гостува по неколку кола, а видовте што може Баерн на дерби средбите, – потенцирал претседателот, алудирајќи на убедливата домашна победа над Унион Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни