Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн и нанесе историско понижување на Барселона и со „осмица“ ја испрати од Лисабон (Видео)

Објавено

на

Сите најави за фаворизирање на Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите не се сфаќаа до толку сериозно, но оваа вечер добивме потврда дека баварскиот гигант во овој момент е неколку класи подобар од очајната Барселона.

Германскиот првак и нанесе историски дебакл на Барса во четвртфиналето, славејќи со нестварни 8:2 на натпрварот кој се одигра во Лисабон. Воведот на натпреварот ветуваше страшен натпревар и набрзина Милер погоди за 1:0, но Барселона брзо возврати со автоголот на Алаба и се чинеше во тој момент дека е подобар тим на теренот.

Сепак, по вториот гол кој го постигна Иван Перишиќ, играта на Барселона комплетно се распадна, па до крајот на првиот дел Гнабри и Милер со уште два гола зголемија на 4:1.

Сепак, ова беше само старт на хоророт за каталонскиот гигант, бидејќи во вториоте 45 минути се повтори истиот резултат од првото. Луис Суарез одлично го „измести“ Боатенг и намали на 4:2, а потоа од 60-та до 90-та минута следеше вистински потоп.

Кимих погоди за 5:2 по фантастичниот слалом на Дејвис, Роберт Левандовски конечно се запиша во листата на стрелците во 82-та минута, а во самиот финиш, Кутињо и пресуди ан својата Барселона со два гола за конечни и нестварни 8:2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни