Поврзете се со нас

Репрезентација

Бабунски: Дојдовме до ситуација во каква Македонија не била никогаш во историјата

Објавено

на

Давид Бабунски игра се подобро во Унгарија и поради тоа се врати во националниот тим, во кој сега се очекува да добие вистинска шанса на престојните четири натпревари.

Селекторот Благоја Милевски најави дека прилика ќе добијат сите повикани фудбалери и очекува од нив да ја оправдаат довербата, а Бабунски сигурно ќе има што да докаже бидејќи беше клучен играч во тимот на Боби кој оствари историски пласман на едно младинско Европско првенство.

По несреќниот крај на баражот за Светско првенство, Македонија сега го отвора новиот сегмент во Лигата на нации, а прв тест е селекцијата на Бугарија со која играме на 2-ри јуни во Разград.

– Ова е нов предизвик. Треба да продолжиме да се развиваме и да го потврдиме нашиот квалитет. Стигнавме до ситуација кога Македонија се гледа како фаворит во една група што не беше случај претходно. Тоа е благодарение на нашите резултати и настапи во квалификациите и претходните Лига на нации.

– Ова натпреварување е одлична шанса за сите оние кои имаа мала минутажа, да покажат и тие дека можат да играат за репрезентацијата. Тоа е шанса да ги покажат своите квалитети и да потврдат дека можат да дадат допринос, – изјави Бабунски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни