Поврзете се со нас

АТП

Австралискиот премиер: Ѓоковиќ може да биде вратен дома со првиот авионски лет

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вчера соопшти дека ќе патува за Мелбурн и ќе игра на Австралија Опен откако добил специјално „медицинско ослободување“ за задолжителна вакцинација, но во моменти кога се очекува негово пристигнување во австралиската држава Викторија, со предупредување се јави премиерот на Австралија.

Скот Морисон навестува дека светскиот рекет број еден може да биде вратен и покрај добиениот исклучок од страна на здравствените власти, бидејќи строгите гранични инспекции можат да проценат дека „медицинското ослободување“ не доволно за влез во земјата, што ќе значи дека Новак ќе биде вратен назад со првиот лет.

– Секој индивидуалец кој сака да влезе во Австралија, мора да ги мине строгите барања на нашите гранични премини. Ако не е вакциниран, мора да покаже доказ дека не е вакциниран поради медицински причини.

– Чекаме да видиме дали тие докази ќе бидат доволни, ако не е така, тој нема да биде третиран поинаку од другите и ќе биде вратен со првиот лет дома.

– Нема да има посебни правила за Новак Ѓоковиќ или за било кој друг, чекаме да видиме каков ќе биде неговиот доказ на граница, – вели австралискиот премиер Скот Морисон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни