Поврзете се со нас

ВТА

Австралија прв пат по 44 години доби женски тениски шампион на Австралија Опен

Објавено

на

За прв пат по 44 години домашна тенисерка е освојувачка на женското издание на Австралија Опен.

Ешли Барти со 2:0 по сетови славеше против претставничката на САД, Даниел Колинс и така стигна до својот трет Грен слем трофеј.

Барти е прва домашна освојувачка на Австралија Опен по Кристин Онил која овој успех го постигна во далечната 1978 година.

Одличната австралиска тенисерка немаше големи проблеми во првиот сет, додека во вториот успеа да анулира огромна негатива од 5:1 и на крај да го добие во тај-брејк и да ја потврди својата трета Грен слем титула по освојувањата на Ролан Гарос во 2019 и Вимблдон во 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни