Поврзете се со нас

АТП

Австралија најави крај на агонијата за Ѓоковиќ: Србинот доби супер вест од Мелбурн

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ прескокна два од четирите грен слем турнири оваа сезона, но тоа не беше поради спортска или здравствена причина, туку поради неговиот вакцинален статус кој стана на сите познат на почетокот на годината.

Српскиот тенисер одби да прими две дози на вакцина против Ковид 19 и поради тоа беше депортиран од Австралија после десетдневна драма, по што стана јасно дека нема да може да ја брани титулата во Мелбурн парк. Наредните неколку месеци, протоколите во Европа попуштија и Новак доби дозвола да игра на Ролан Гарос и Вимблдон, па сезоната ќе ја заврши само со освоената титула во Лондон.

Поради истата причина како и во Австралија, Новак не доби дозвола да игра и на Ју-Ес Опен, но за разлика од стартот на година, сега воопшто не отпатува за Америка и уште пред ждребот беше јасно дека е надвор од турнирот.

Неговиот цврст став да не се вакцинира му носи неизвесност за настапи на турнири во земјите каде се уште владеат строги правила против Ковид 19, но како што стојат работите, Ноле ќе може да ја брка својата 10-та титула на следото издание на Австралија Опен.

Иако му се закануваше црн печат од три години поради депортацијата, Федерална влада во Австралија сега дала зелено светло за настап на Ѓоковиќ во Мелбурн на почетокот на јануари 2023-та година, а ова го објави угледниот „Хералд Сан“, медиумот кој пренесуваше највлијателни и најточни информации за време на целото судење кое го имаше Ѓоковиќ во Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни